Јувентус ќе го продолжи договорот со Алегри пред полуфиналето

0

Јувентус ќе го продолжи договорот на тренерот Масимилиано Алегри уште пред одигрувањето на првото полуфинале од Лигата на Шампионите.

Ова го откри спортскиот директор на клубот од Торино, Пепе Марота. Тренерот на „бјанконерите” има договор до јуни 2018 година, но раководството е многу задоволно од неговата работа.

„Не гледам причина да не го обновиме договорот со Алегри и да не продолжиме да работиме заедно. Тој израсна кај нас, а ние пораснавме со него”, изјави Марота. По елиминацијата на Барселона, Јувентус се пласираше во ½ финалето на ЛШ каде се надева на уште еден успех и пласман во големото финале во Кардиф.

Share.

Leave A Reply