Јувентус му плати на Челзи само 1 милион евра за Сари

0

Шампионот на Италија Јувентус му платил на Челзи обештетување од само еден милион евра за тренерот Маурицио Сари, пишува „Тутоспорт“.

Сари имаше договор со Челзи уште две години, но сакаше да си замине и да се врати во Италија односно во Серија „А“.

За 61-годишниот тренер, првично се мислеше дека Јувентус мора да плати 6 милиони евра на Челзи, затоа што тренерот има активен двегодишен договор, но раководството на Јувентус успеа да преговара и да се договори за многу помал износ, пишуваат италијанските медиуми.

Share.

Leave A Reply