Јувентус нема намера да врати пари за билетите од натпревар од 26-то коло на италијанскиот шампионат со Интер, пренесува „Газета дело Спорт“.
Да потсетиме дека овој и уште пет натпревари во Серија А ќе се одржат пред празни трибини, како резултат на појава на коронавирус во некои провинции и региони на Италија.
Според изворот, клубот заработил 3 милиони евра од продажба на билети, а раководството смета дека не треба да губи пари заради италијанската фудбалска федерација. Ова е во согласност со сегашните клупски правила, сепак, антимонополските власти имаат намера да ја разгледаат оваа состојба.
Интер, пак, веќе го започна процесот на враќање на парите за билетите купени од навивачите. Јувентус е на првото место на табелата во италијанскиот шампионат. Тимот предводен од Маурицио Сари освои 60 поени од 25 одиграни натпревари, додека Интер е на третото место со 54 бода и натпревар помалку.