Јувентус пред сериозен испит кај составот на Диего Симеоне

0

Атлетико Мадрид е првата сериозна пречка за амбициите на италијанскиот гигант Јувентус за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона. Двата тима се среќаваат во меч кој секако дека ќе биде со многу голема борба, вечерва од 21 часот го играат својот прв 1/8-финален натпревар, а само трет меѓусебен дуел во Лигата на Шампионите по сезона 2014/15 кога играа во иста група.

Во досегашните средби Атлетико има една победа, а еднаш одиграа нерешено. Ова ќе биде прв дуел меѓу нив во фазата на елиминација од Лигата на шампионите. Денешните ривали не можат да се пофалат со многу среќа во ова натпреварување, Јувентус е рекордер по загубени финалиња – 7, додека Атлетико три пати беше до трофејот, но не го освои.

Во последниот натпревар од „Ла Лига“ Атлетико победи тешко против рајо Ваљекано со 1:0, додека Јувентус постигна убедлив триумф со 3:0 над Фросиноне. Добрата одбрана е карактеристична за играта и на двата тима, кои не примаат многу голови. Дополнително самоувереност за гостинскиот тим дава присуството на Кристијано Роналдо, кој за девет години со Реал Мадрид многу пати постигнувал голови против Атлетико Мадрид – 22 гола на 31 натпревар.

Како стартер за „старата дама” ќе започне и Паоло Дибала, кој веќе има пет погодоци во ЛШ оваа сезона и е со значителен придонес за петтиот пласман по ред на Јувентус  во 1/8-финалето од ова натпреварување.

Јувентус ќе биде засилен и со Алекс Сандро кој го пропушти натпреварот со Фросиноне. Но, нема да може д асметаат на Хуан Квадрадо, кој е повреден од декември.

Тимот на Атлетико ќе биде без Лукас Ернандез, а напаѓачот Диего Коста, најверојатно, ќе остане на клупата. Со Диего Симеоне на чело на Атлетико, оваа екипа нема пораз против ривалите од Италија во Лигата на шампионите, со само еден примен гол во шест натпревари. Ова се случи во победата од 4:1 над Милан во март 2014 година.

Во меѓувреме, Јувентус се преставува убедливо на гостувањата во ЛШ, освојувајќи четири од последните пет натпревари во елиминациите кои ги играле на гостински терен. Повеќето експерти очекуваат затворена игра без многу голови.

Можни состави:
Атлетико Мадрид: Облак, Хуанфран, Хименез, Годин, Филипе Луис, Коке, Партеј, Родри, Саул, Гризман, Мората.

Јувентус: Шчесни, Сандро, Киелини, Бонучи, Кансело, Матуиди, Пјаниќ, Бентанкур, Роналдо, Манџукиќ, Дибала.

Натпреварот на „Ванда Метрополитано“ ќе го суди Звајер од Германија.

Share.

Leave A Reply