Втора сезона по ред, Јувентус нема да смета на левиот бек Лука Пелегрини, кој пред една година беше купен од Рома за 22 милиони евра.
Денес од шампионот договорија овој 21-годишниот фудбалер да оди на позајмица во Џенова, но нема информации дали е вклучена клаузула за откуп. За време на последната сезона Пелегрини беше позајмен во Каљари.
Со овој потег, новиот тренер Андреа Пирло изгуби алтернатива во област каде Јувентус нема многу играчи. На натпреварот против Сампдорија за „Бјанконерите“ започна уште еден млад 21-годишен фудбалер – Џанлука Фработа.