Јувентус тргнува по Ховедес од Шалке

0

Дефанзивецот на Шалке 04 Бенедикт Ховедес е уште еден играч кој с енајде во списокот на желби на Јувентус.

„Бјанконерите” се обидуваат да најдат замена за Леонардо Боночи, кој замина за Милан, но засега тие секогаш остануваа со празни раце. Сега челниците на клубот ќе пробаат со понуда за германскиот репрезентативец, пишува весникот Билд.

Ховедес ќе добие тригодишен договор со плата од 4 милиони евра по сезона. Интересот на Ливерпул за него ќе ја направи битката за овој играч многу интересна.

29-годишниот фудбалер има 44 натпревари за националниот тим на Германија, во кој постигна 2 гола. Тој во принцип е централен дефанзивец, но исто така може да игра лево и десно во одбраната.

Share.

Leave A Reply