Јувентус заинтересиран за млад талент од Манчестер Сити

0

Манчестер Сити Фил Фоуден. Договорот на младиот плејмејкер истекува и „Старата Дама” се обидува да го извлече од „Етихад” по истата шема по која во 2012 година го зеде Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

Раководството на Јувентус сепак не сака да ги расипува добрите односи со Манчестер Сити и ќе се обиде да преговара прво со управата на „граѓаните”.

18-годишниот фудбалер има договор до крајот на сезоната, а преговорите за потпишување уште не се почнати. Талентот одигра 10 натпревари за Манчестер Сити оваа сезона, но во Англија се зборува дека сака да премине во друг клуб, во кој ќе може да игра многу повеќе.

Share.

Leave A Reply