Каденас по трет пат ќе сеедне на клупата на Адемар

0

Шпанскиот ракометен тренер, Маноло Каденас, откако доби отказ од белорускиот Мешков Брест, се определи да се врати во татковината и од наредната сезона да седи на клупата на Адемар Леон.

Тоа денеска го потврди и прес-службата на клубот но, без посебни детали околу соработката. Медиумите претпоставуваат дека 64-годишниот стратег ќе потпише договор со траење од четири години. Каденас кој ќе биде тренер на Адемар Леон, паралелно ќе ја има и селекторската фукција во репрезентацијата на Аргентина.

Искусниот тренер по трет пат се активира во тимот на Адемар Леон. Претходно го водеше од 1995 до 2007 и од 2012 до 2013 година.

Share.

Leave A Reply