Кадетите ги почнаа подготовките за СП, стартуваат од Струга

0

Кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија ги започна подотовките за настап на претстојното СП што од 06 до 18 август ќе се одржи во Скопје.

Подготовките на нашата репрезентација во Струга ќе бидат до 17 јули, потоа продолжуваат во Маврово, а на крајот екипата се враќа во Скопје на финалните подготовки.

Македонија на ова СП ќе игра во Група Ц заедно со репрезентациите на Данска, Јапонија, Аргентина, Нигерија и Бахреин.

Нашата репрезентација својот прв натпревар на СП го игра на 06 август во 20:30 часот против репрезентацијата на Аргентина во СЦ „Борис Трајковски“.

Share.

Leave A Reply