Македонската кадетска ракометна репрезентација предводена од Костески кој е прв стрелец на Мундијалот по групната фаза со 40 погодоци и Серафимов кој го следи со 37 голови, денеска ја очекува мечот во првата елиминациска фаза.
Наш противник во осминафиналето ќе биде Португалија која направи фанатстичен ефект во групната фаза откако оствари 5 победи и тоа во дуелите со Германија, Исланд, Србија, Тунис и Бразил.
Мечот Македонија – Португалија ќе се одигра вечер со почеток во 20.45 часот во спортскиот центар Борис Трајковски.