Кадетскиот тим на Работнички е новиот освојувач на Купот на Македонија. Денеска во финалниот меч одигран на теренот на ФФМ, младите надежи на „романтичарите“ славеа убедливо против своите врсници од Шкендија со 4:0.
Попладнево на тренинг центар „Петар Милошевски“ ќе се одигра и финалето во младинска конкуренција, каде силите ќе ги одмерат младинците на Шкендија и Вардар.