Кадетите се израдуваа и на втората победа на ЕХФ-шампионатот

0

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија се избори и за втора победа на ЕХФ-шампионатот во Грузија. По вчерашниот успех над Литванија, денеска момците на Данило Брестовац ја „реслушаа“ и селекцијата на Луксембург со 31-25.

Првото полувреме сосема неочекувано мина во изрманета битка, но одговорот на нашата селекција стигна во вторите 30 минути кога комплетно го скршивме отпорот на противникот. Утре е слободен ден на првенството, а Македонија в понеделник во рамките од третото коло ќе се сретне со Фарски острови.

Share.

Leave A Reply