Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа ги заврши Медитеранските игри, откако со совлада Кувајт со 22-13 (5-3, 4-4. 13-6).
Со овој триумф Македонија освои 16,5 бода за второ место во групата кое носи 10. позиција во Атина.
Нашите момци одиграа добро на стартот, поведоа со 5-3, а по изедначените 4-4, победата ја потврдија во последните 15. минути во кои дојдоа до позитива од 13-6.
Во финалето на турнирот се среќаваат Црна Гора и Шпанија, а во мечот за трето место играат Хрватска и Србија.