Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија забалежа уште една победа и се наоѓа на чекор до четвртфиналето на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Сараево, БиХ.
Нашите кадети денес ја совладаа селекцијата на Данска со 99:89. По лошиот старт и загубената прва четвртина со 21:27, во вториот период многу подобра игра на нашите млади кошаркари и успеаа да дојдат до резултатски приклучок и на одмор да заминат со негатива од 42:46.
Во третата четвртина одлична игра на Македонија и го свртеа резултатот во своја корист односно го добиа овој период со 28:19 и во последната четвртина влегоа со предност. Се останато беше на страна на нашите млади кошаркари кои до крајот не дозволија Данска да се закани и го завршија натпреваро со двоцифрена предност од 10 поени, односно 99:89.
Одличен на овој меч во македонија беше Миловановиќ со 30 поени, додека Андоноски го заврши мечот со 22 поени. Савиќевиќ постигна 14 поени, а двоцифрен учинок имаше и Величковски со 11 поени.
Македонија утре ја очекува натпревар од последното коло протов аутцајдерот Норвешка која ги загуби сите 4 натпревари до сегаи со триумф ќе го заверат местото кое води понатаму, без да се чека исходот од другите средби.