Каевски ги прими младите борачи кои се вратија со медали од Турција

0

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, им го поздрави успехот на нашата јуниорска репрезентација во борење која настапи на Балканското првенство во борење во Бурса, Република Турција.

„Денеска сме тука за да ги пречекаме нашите јуниори кои се враќаат  со освоени два сребрени медала и еден бронзен. Упатувам честитки до добитниците на медалите како и до сите учесници кои ја претставуваа Македонија. Имаме намера и во иднина да инвестираме во овој спорт во кој имаме значајни успеси. Уште еднаш, сакам да им честитам на нашите јуниори во борење а на пионерите и кадетите да им посакам среќа и успех во Словенија, – изјави Каевски.

Ќе потсетиме дека Елмедин Сејфулау и Емир Реџепи освоија сребро додека Рамадан Мустафовски се закити со бронзен медал.

 

 

Share.

Leave A Reply