Каевски ги прими олимпијците

0

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ја прими македонската скијачка делегација, која ќе настапи на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја, во период  9 до 25 февруари.

Каевски на македонските олимпијци им посака успешен настап и да ја израдуваат  Македонија со постигнување на што подобар резултат на претстојните зимски олимписки игри.На приемот свои излагања имаа селекторот во алпски дисциплини Иван Лесески како и Ѓоко Динески, селектор во скијачко трчање, кои ја потенцираа важноста на финансиската поддршка од Агенцијата за млади и спорт како во подготвителниот период, така и во настапот на Македонската делегација во Пјонгчанг.

Антонио Ристевски, кој  е најискусен меѓу натпреварувачите, со учество на својата трета Олимпијада, ќе настапи во слалом и велеслалом со обезбедена А олимписка норма и ќе се обиде да го подобри 29.место освоено на претходните олимписки игри во Сочи.Ставре Јада ќе учествува на 15 километри слободно трчање со обезбедена А олимписка норма и Викторија Тодоровска на 10 километри слободно трчање со обезбедена Б олимписка норма, слободен стил,  изјавија дека ова за нив е дебитантски настап и ќе се обидат да дадат максимум за да постигнат висок резултат.

 

Share.

Leave A Reply