Каевски: граѓаните ќе добијат одлични услови за рекреација

0

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски  и Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски,  извршија увид на локацијата на која треба да се направи реконструкција на Пешачката „Трим Патека“  која е во должина од 2.2 километри.

„ Владата ја усвои информацијата за санација на пешачката патека што значи дека граѓаните за краток период ќе добијат нова реконструирана пешачка патека“ – изјави Каевски.

Пешачката „ Трим патека“  ќе се реконструира во две фази. Истата е со променлива ширина од 1,50 – 2,50 метри  за да овозможи непречено движење на пешачки и велосипедски сообраќај како и рекреација на граѓаните.

Share.

Leave A Reply