Каевски имаше средба со колегите од Хрватска

0

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, во рамките на работната посета на Хрватска оствари билатерална средба со хрватската владина делегација предводена од генералниот Државен секретар за спорт, Јаница Костелиќ.

Каевски упатил покана до хрватската владина делегација за возвратна средба во Македонија, со една цел, продлабочување на регионалната соработка во областа на спортот.

Костелиќ , пак, нагласила дека очекува ваквите средби да бидат редовни и да бидат предуслови за развој на регионалниот спорт.

Share.

Leave A Reply