Каевски: Спортот етапно ќе се враќа во ритам

0

Агенцијата за млади и спорт од почетокот на здравствената криза настаната поради Ковид -19, беше на релација со Владата и учествуваше во креирањето на мерките за помош на спортот во нашава земја, изјави Директорот на АМС, Дарко Каевски во денешното гостување на програмата на Спортско Радио 90,3 ФМ.

„Со најавеното олабавување на мерките, прво ќе се започне со активност во индивидуалните спортови во кои нема контакт меѓу спортистите а подоцна ќе се приклучат и другите спортови.  Сите ќе треба да ги почитуваат препораките на Министерството за Здравство“ – вели Каевски со напомена дека до крајот на недела сите што аплицирале за помош од Државата ќе ги добијат парите за април.

„АМС во спроведување на мерките за спас на спортот, до петок на нешто помалку од 1000 спортисти ќе им ги исплати парите за април додека до 15 јуни ќе им биде исплатена и сумата предвидена за месец мај. Потоа ќе продолжиме со втората мерка која е во насока да им помогне на сите клубови што имаат одреден број на младинци  како и реализација на сите капитални проекти кои имаа одлична динамика, базените, кошаркарските игралишта и други“ – вели Каевски меѓу другото во интервјуто за Спортско Радио 90,3 ФМ кое ќе може да го слушате во 20.30 минути.

Share.

Leave A Reply