Кафелников: Ѓоковиќ направи грешка

0

Тенисерот од Русија, Евегениј Кафелников, имаше изненадувачка изјава за Новак Ѓоковиќ и ситуацијата поради која беше исфрлен од терените во Њујорк иако многумина проценија дека судијката претерала со нејзината реакција.

„Новак воопшто не размисли за последиците. Полусилен удар може да нокаутира  човек, посебно жена. Не знам што се случувало на мечот, но, снимките кои ги видов покажуваат дека тој намерно го удира топчето кон судиите“ – вели некогашниот прв тенисер на светов.

„Исклучувањето беше правилна одлука. Можеби сакаше со топчето да удри во ѕидот за да се види дека е исфрустриран“ -изјави Кафелников.

Share.

Leave A Reply