Калараш се врати во Вардар, следните две години ќе биде „црвено-црн“

0

Рускиот пивотмен Глеб Калараш, во следните две сезони ќе ги брани боите на актуелниот европски првак Вардар.

Тој беше дел од екипата на Вардар минатата сезона, но потпиша договор со Мотор Запорожје и по завршувањето на мината сезона требаше да игра во оваа екипа. Калараш се појави во Запорожје, но тренираше со вториот тим, додека првотимците беа на подготовки во Хрватска и Словенија.

Двете екипи преговараа подолг период, во првиот период не се договорија, но сепак калараш успеа да се договори со Мотор за раскинување на договорот по што рускиот репрезентативец ја продолжува кариерата во Вардар и тоа на уште две сезони.

Калараш во кариерата играше за Чеховски Медведи и Санкт Петербург во Русија, а одигра и една сезона во дресот на Магдебург во Бундес лигата. Она што во моментов е важно, кога Калараш ќе му биде на располагање на Писонеро, најверојатно поради административни причини (вадење виза) нема да може да патува на Супер Глоуб, но за настапите од Лигата на шампионите ќе биде големо засилување за одбраната на Вардар.

Тренерот на Вардар, Давид Писонеро, во претстојната сезона ќе има на располагање четири пивотмени – Сикошек Пелко, Горпишин, Стоилов и Калараш.

Share.

Leave A Reply