Калдерон замина за Кливлен, Богдановиќ ќе игра за Индијана

0

Тимот од НБА, Кливленд Кавалирс, потпиша со кошаркарот, Хозе Калдерон, договор за една година. 35-годишниот Калдерон, кој ќе ја реализира 13-тата сезона во НБА, треба да биде резерва на ѕвездата на тимот, Кајри Ирвинг.

Другите две опции во тимот се дебитантот Кеј Фелдер и ветеранот Дерон Вилијамс, кои сепак не се во состојба да ги исполнат условите на тренерот.

Индијана Пејсерс ја продолжи летната селекција со привлекувањето на центарот Бојан Богдановиќ. Договорот на 2-метарскиот Хрват од Босна и Херцеговина е за две години а трансферот е во вредност од 21 милиони долари.

Share.

Leave A Reply