Каљехон ја одбил првата понуда од Наполи за продолжување на договорот

0

Хозе Каљехон го отфрлил предлогот на Наполи за нов договор. Веста ја откри агентот на играчот, според кој Шпанецот не бил задоволен од предложените услови.

Каљехон е еден од најдобрите странски фудбалери во историјата на Наполи, откако беше привлечен за 10 милиони евра во 2013 година. Во овој период тој постигна 79 голови и додаде 70 асистенции, што беше основа за градење на силен тим во Неапол. Тековниот договор на 33-годишниот Каљехон истекува на крајот на сезоната.

„Тие ни понудија дадоа почетна понуда, која, сепак не го задоволи играчот, ќе треба да седнеме и да разговараме “, изјави Мануел Гарсија Килон, агентот на Каљехон.

Share.

Leave A Reply