Камил Глик е ново засилување за Беневенто

0

Искусниот полски интернационалец Камил Глик е нов член на италијанскиот тим Беневенто. Досегашниот член на екипата на Монако, за кого Полјакот одигра преку 120 мечеви, заминува во екипа каде ќе биде големо засилување со оглед на искуството.

Претходно Глик настапуваше за екипите на Торино, Бари и Палермо во овој шампионат, а интересно е што трансферот на полските медиуми им го откри неговата сопруга Марта во едно утринско шоу.

Share.

Leave A Reply