Барселона го пречека холандскиот шампион ПСВ и го победи со 4:0 на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите при најниска посетеност на „Камп Ноу” во последните 16 години во ова натпреварување.
Најверојатно причина за тоа е терминот од 18:55 за одигрување на некои од натпреварите во групната фаза според новите правила на УЕФА за телевизиските права, кои гарантираат повеќе финансии за клубовите.
Официјалната статистика покажува дека средбата била посетена од 73 462 гледачи, а капацитетот на „Камп Ноу” е 99 354 места, што значи дека речиси една четвртина од седиштата на стадионот останале празни. Ова беше еден од најнепосетените натпревари на Барселона во Лигата на шампионите од 2002 година. На 13 ноември тогаш под водство на Луис Ван Гал Шпанците победија со 3:1 против Галатасарај пред 42 928 гледаши.