Легендата на Баерн Минхен, Оливер Кан, е фаворит да го наследи Ули Хенес како претседател на баравците, тврди денеска – „Билд“.
Хенес навести дека ќе ја напушти функцијата и дека одлуката ќе ја донесе пред генералното собрание на клубот кое ќе се одржи на 30 ноември.49-годишниот Кан помина поголем дел од кариерата во Баерн. Тој за 14 години одигра 632 меча. Голем дел од раководството на баварците е уверено дека токму Кан е вистинската личност да го раководи гигантот од Баварија.
Лотар Матеус исто така изјави, дека Кан треба да биде значаен фактор во клубот иако неговиот предлог е Оливер да стане втор човек во Баерн а сегашниот потпретседател, Карл-Хајнц Румениге, да ја преземе главната улога.