Олимписките комитети на Канада и Австралија најавија дека нема да испраќаат спортисти на Олимписките игри во Токио, доколку тие се одржат оваа година.
Канада го повика Меѓународниот олимписки комитет да ги премести Игрите за една година поради безбедноста на спортистите, како и целото општество.
„Олимпискиот и параолимпискиот комитет на Канада ја донесе тешката одлука да не се испраќаат спортисти на Олимписките и Параолимписките игри во 2020 година. Сите помагаат да се реши проблемот со комплексноста на календарот. Ние ја разбираме сложеноста, но ништо не е поважно од здравјето и безбедноста на нашите спортисти и светската заедница“, се вели во соопштението.