Канадскиот тим златен во уметничко лизгање

0

Канадскиот тим во уметничко лизгање го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Ј. Кореја. Патрик Чен, Габриел Дејлман, Ерик Редфорд, Кетлин Озмонд, Меган Духамел, Теса Вирту и Скот Моар имаа извонреден настап со кој успеаја да ги освојат симпатиите на публиката и стручното жири.

Сребрените медали отидоа на градите на натпреварувачите од Русија, додека бронзените медали им припаднаа на Американците.

Канаѓаните во битка за златото освоија 73 бода, седум повеќе од Русите и успеаја да го поправат настапот од пред 4 години во Сочи, кога беа само сребрени.

Share.

Leave A Reply