Кањељас: Ја исполнивме првата наша цел

0

Ракометарите на Вардар ја освоија СЕХА лигата по победата над Веспрем во синоќешното финале во Брест, а во избор на најдобрите играчи на овој Ф4 турнир, се најдоа и четворица играчи на „црвено-црните“. Најдобриот, сепак, беше Жоан Кањељас, кој беше прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир.

„Завршивме многу добра работа. Игравме против еден од најдобрите тимови во Европа. Секогаш бевме еден чекор пред нив. Имавме одлична одбрана и не можеа да ја пробијат, а во напад игравме интелигентно и без многу грешки, а тоа е важно кога се игра со вакви тимови. Мислам дека треба да сме среќни. Се надевам дека и во следните натпревари ќе го искористиме искуството и ќе играме како денес, зашто во спротивно нема да имаме шанси за победа. Нашата цел е да стигнеме до Ф4 во Лига на шампионите. Малку неочекувано настапивме со одбраната. Тие имаа проблеми со ваква одбрана кога играа во Загреб. Мислам дека завршивме добра работа и трениравме така во текот на минатата недела. И мислам дека беше успешно зашто ги изненадивме“, изјави Кањељас.

Share.

Leave A Reply