Кањељас: „Нема да ни биде лесно со Македонија, но одиме на победа на секој меч“

0

Шпанија ја победи селекцијата на Ангола очекувано со 42:22, а со оваа победа Шпанците сиго обезбедија пласманот во следната рунда и сега останува да се борат за првата позиција во групата Б. Дел од репрезентацијата на Шпанија е и играчот на Вардар, Жоан Кањељас кој имаше пофални зборови за нашата селекција.

„Денеска го гледавме натпреварот со Словенија, но Македонија не играше како што игра вообичаено, имате добар тим и добри играчи, можеби денес Лазаров немаше перфектен натпревар иако беше најдобар во тимот, но тој е одличен играч пред се во нападот каде се се фокусира на него, исто така мојот колега од Вардар, Стоилов игра доста добро на пикерската позиција. На мечот со Словенија, Македонија прими многу лесни голови од конта напади и од крила. На натпреварот со Македонија мораме да бидеме многу сконцентрирани во текот на целиот натпревар. Во моментов размислуваме на победа затоа што сакаме сите натпревари од групата да ги добиеме.Следниот натпревар е со Македонија, а наредниот ден ќе играме со Словенија и се многу важни за нас“ истакна Кањељас.

Шпанија е веќе во 1/8 финале, но која е крајната цел на оваа селекција на Шпанија.

„Во моментов имаме нов тренер и се е различно од порано, ние сме фокусирани за натпреварите од оваа група, сакаме да бидеме први во групата каде што сме во моментов и сакаме да останеме таму на крајот и во моментов не размислуваме за ¼ финале или ½ финале или за тоа кој противник ќе го имаме во 1/8 финале, сепак тогаш ќе видиме што ке се случи“ заврши бекот на Вардар и Шпанија,Жоан Кањељас.

 

Share.

Leave A Reply