Канте неизвесен за мечот со Норвич, но за Манчестер Ј. би бил фит

0

Нголо Канте останува неизвесен за настап на натпреварот на Челзи против Норвич, но може да биде подготвен за полуфиналниот натпревар во ФА Купот против Манчестер Јунајтед, објави менаџерот Франк Лампард.

Играчот од средниот ред се уште се опоравува од истегнување на мускулот што го извади од игра во последните две средби на лондончани.

Лампард на прес-конференција изјави дека Канте „има шанса“ да игра во текот на викендот. Андреас Кристенсен ќе се врати во Челзи, иако беше заменет во саботата против Шефилд Јунајтед.

„Мораме да мислиме за Норвич со почит. Тие имаат квалитетни играчи и во моментот тие се како рането животно. Ги гледав често во текот на сезоната и во многу ситуации не беа доволно среќни за да дојдат до поволен резултат”, рече Лампард.

Share.

Leave A Reply