Фудбалерот на Челзи Н‘Голо Канте го изненади персоналот на тренинг базата на репрезентацијата на Франција во Клерфонтон.
Играчот од средниот ред се појави во 5:30 наутро – шест часа порано од времето кое го имаше предвидено селекторот Дидие Дешамп за официјален собир на репрезентацијата, објави весникот „Л‘Екип“. Фудбалерот на Челзи патувал од Ливерпул до Франција веднаш по натпреварот кој неговата екипа го загуби на гостувањето кај Евертон во натпревар во Премиер Лигата.
Веднаш пр пристигнувањето канте отишол во својата соба на спиење. Интересно е што двајца соиграчи на Канте од Челзи неодамна признаа дека тој е фудбалер кој најчесто доцни на тренинг.
Француските фудбалери се собраа денес за престојните европски квалификации со Молдавија (22.март) и Исланд (25.март).
Дидеа Дешанп го врати иво селекцијата играчот на Баерн Минхен Кингсли Коман и дефанзивецот на ПСЖ, Левин Курзава. Двајцата беа последен пат дел од селекцијата во во ноември 2017 година. Антони Марсиал отпадна од составот поради повреда, а на негово место влезе Тома Лемар.