Новиот голман во редовите на Вардар, Робин Кантегрел денес треба да пристигне во Скопје. Тој конечно доби можност да допатува во Македонија, бидејќи поради корона-кризата мораше да остане во Франција.
Французинот веќе објави фотографија дека е на пат за Скопје и во текот на денот ќе пристигне во Скопје, а веќе се очекува да биде дел од првите тренинзи на Вардар кон крајот на неделата. Кантегрел минатата сезона беше одличен на голот на Сесон Рен и доби можност да го направи овој транфер во Вардар.
Кантегрел заедно со искусниот репрезентативен голман Борко Ристовски, како и младиот перспективен Марко Кизиќ ќе ја сочинува голманската тројка на Вардар за сезоната што следи.