Канзас и Сан Франциско обезбедија место на 54. Супербоул

0

Канзас Сити и Сан Франциско ќе играат во големото финале на американската фудбалска лига НФЛ, популарниот Супербоул. Синоќа во финалните конференциски дуели, Канзас славеше над Тенеси со 35:24, додека Сан Франциско беше подобар од Грин Беј Пакерс со 37:20.

54. издание на Супербоул е закажан во недела на 2 февруари, во Мајами, со почеток во 0:30 часот по средноевропско време.

Share.

Leave A Reply