Тренерот Фабио Капело не ја крие својата симпатија кон напаѓачот на Интер Мауро Икарди. „Јас сум обожавател на Иркарди. Ако бев тренер на Реал Мадрид, ќе го земев веднаш”, изјави италијанскиот стручњак за „Радио РАИ“.
„Тој едноставно гледа се и го чувствува голот. Мауро е специјалист во оваа област. Таков беше Кристијано Роналдо во последниот период кога играше во Реал Мадрид. Ако му дадете три топки во шеснаесетникот, сите три ќе ги искористи и ќе постигне гол”, изјави Капело.
Капело додаде неколку зборови за Гонзало Игуаин: „Гонзало ја подобри својата игра. Предходно знаеше многу да ја чека топката да му биде додадена, сега веќе не е така. Фактот дека тој игра како млад во Европа многу му помогна за да ја подобри играта” заврши Капело.