Даниеле Де Роси веднаш по поразот од Ливерпул (5-2) во 1 /2 финалето во Лигата на фудбалските шампиони, беше самокритичен за прикажаната партија на неговиот тим на преполниот – „Енфилд“.
„Ливерпул е многу силен тим иако и ние имавме добри 20-25 минути. Тие константно играа на долги топки од секоја страна на теренот.Не можевме да го покриеме просторот во таква ситуација кога тројца играчи се секогаш побрзи од вас“ вели Де Роси.
„Ливерпул е како Барселона. Можеме повторно да го направиме тоа, верувам дека фановите ќе бидат со нас. Сакам да им овозможиме нова ноќ како со Барселона“ – нагласи капитенот на „римската волчица“.