Капитенот на Ерменија заврши на боиште во Нагорно Карабах

0

Капитенот на ерменската фудбалска репрезентација, Вараздат Харојан, ја прекина фудбалската кариера и е мобилизиран во војската на Ерменија која веќе неколку дена војува со Азербејџан.

28-годишниот фудбалер неодамна играше за Ерменија на дуелот против Македонија во Скопје, а требаше да го комплетира трансферот во Лариса, но тоа не се случи.

Харојан, кој има 51 настап за својата репрезентација „е мобилизиран, како и сите ерменски граѓани на возраст под 40 години, и тој веќе е во воената зона“, се вели во пораката испратена до сопственикот на Лариса, Алексис Кујајас од агентот на фудбалерот.

Share.

Leave A Reply