Најдобриот играч на Хрватска на мечот со Германија, средниот бек Игор Карачиќ по мечот истакна дека е горд на тимот, а во еден момент од мечот кога се правел пресвртот, во мислите му бил Вардар, со кого успеа да направи сличен кам-бек на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите против Барселона.
„Пред се да кажам дека сум горд на моите соиграчи. Од овој меч можеме да научиме како се гради карактер. Не знам што би кажал повеќе. Верував во сите. Некако се сетив и на Вардар во одредени моменти. Стресно беше и за мене и за соиграчите, но најважно беше што верувавме во победа. Со помош на навивачите се вративме во игра, не знам како и тие извлекоа сила за да ни помогнат. Сега одиме понатаму“, изјави Карачиќ.