Карачиќ во тимот на колото на ЛШ

0

Извонредната партија на дуелот со Мешков во саботата во Скопје го смести вардаровиот бек Игор Карачиќ во тимот на колото во ракометната Лига на шампиони. Единаесетте постигнати голови сосема заслужено го донесоа до најдобрата „седумка“ на колото во Лигата на шампионите.

Покрај Карачиќ во изборот на најдобрите за ова коло ЕХФ ги рангираше и Александар Вестби (Елверум) за најдобро лево крило, Аиденас Маласинскас (Мотор) најдобар среден бек, Мелвин Ричардсон (Монпеље) најдобар десен бек, Михал Дашек (Висла) најдобро десно крило, Јаник Колбахер (Рајн Некар Ловен) најдобар пикер и Бенјамин Буриќ (Флензбург) најдобар голман.

Share.

Leave A Reply