Карагер е песимист околу иднината на Тотенхем

0

Легендарниот капитен на фудбалскиот состав Ливерпул, Џејми Карагер, кој сега работи како стручен коментатор на Скај Спорт, не верува дека Тотенхем ќе направи добри резултати под водство на Жозе Мурињо.

„Доколку Почетино имаше најамлку уште двајца добри фудбалери веројатно ќе ја освоеше Лигата на шампионите. Мурињо форсира сосема друг стил на игра што не им одговара на фудбалерите и затоа не може да просперираат резултатски. Тотенхем веројатно ќе треба да купи најмалку тројца добри играчи ако сака да се бори за титулите “ – вели Карагер.

Ќе потсетиме дека „Спарси“ под водство на Почетино успеаа да дојдат до финалето во елитата на Стариот континент и дека до крајот на сезоната беа во конкуренција за титулата во Премиер лигата.

Share.

Leave A Reply