Фудбалерите на Евертон со вчерашните 2:2 против Вотфорд на домашен терен, направија неславен рекорд во елитната конкуренција на Англија.
Популарните „карамели“ со двата примени гола, се искачија на врвот на листата на екипите кои имаат примено најмногу голови во историјата на Премиер лигата. Тимот од Ливерпул досега примил 1.284 голови. Веднаш до него е составот на Тотенхем со 1.283 додека мрежата на Вест Хем се тресела дури 1.239 пати.
Од друга страна треба да се напомене дека Евертон влегува меѓу шест екипи што никогаш не испаднале од најсилната фудбалска конкуренција на Англија.