Каранка ослободен од тренерското место во Нотингем Форест

0

Аитор Каранка од денеска повеќе не е менаџер на англискиот второлигаш Нотингем Форест. Еден од главните кандидати за влез во Премиер лигата, немаше добар старт на сезоната, а Каранка сам побарал од менаџментот на клубот да ја завршат соработката.

Неговото барање било прифатено, по што двете страни склучиле спогодбен раскин на соработката.  До назначувањето на нов тренер, Нотингем Форест го постави Сајмон Аирленд за нов предводник на тимот.

Каранка го предводеше англискиот тим од јануари 2018 година и имаше договор на 2,5 години. Под негово водство, Нотингем Форест оваа сезона се најде на седмо место во првенството, заостанувајќи зад водечкиот Лидс Јунајтед 12 бода.

Share.

Leave A Reply