Каратистите на Макпетрол најдобри во Штип

0

Вчера во Штип се одржа Државниот изборен карате турнир за сениори-ки, кој имаше критериумски карактер за избор на македонската сениорска карате репрезентација, која во ноември треба да настапи на Светското првенство во Мадрид, Шпанија.

Во генералниот пласман најдобар резултат постигнаа каратистите од КК Макпетрол од Скопје, кои се најдоа на првата позиција со вкупно осум освоени медали од кои 4 златни, 2 сребрени и 2 бронзени.

Златни медали за КК Макпетрол освоија Сара Радичевска во категорија -50 кг., како и Наташа Стефановска во категорија -61 кг. Меѓу дамите злато освои и Моника Стефановска (-68 кг.), додека кај мажите Давид Петков во категорија -67 кг.

Share.

Leave A Reply