Каратистите на Макпетрол пред нови предизвици, ги очекува настап во Салзбург

0

Каратистите од Карате клубот Макпетрол  – Скопје, денеска заминуваат за Салзбург, Австрија.

Во Салзбург ќе се одржи третиот по ред овогодишен турнир од најпрестижните натпревари во карате спортот, тоа е турнир од така наречената А серија.

На овој турнир пријавени се каратисти- ки  и национални репрезентации од рекордни 99 држави со исто така до сега рекорден број на натпреварувачи вкупно 2057.

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски пред тргнувањето изјави:
„Во Салзбург ќе биде пеколно тешко да се освои медал или пак да се оствари пласман помеѓу најдобрите 10 од целиот свет. Ова што се случува во карате спортот од како станавме олимписки спорт, до сега е незабележено. Сите светски велесили доаѓаат со своите комплетни состави за да освојат бодови и што подобро да се рангираат на официјалната светска ранг листа изработувана од страна на ВКФ (Светската карате федерација), за учество на олимпијадата во Токио 2020 година, Затоа и ние како и сите останати не смееме да останеме вон случувањата и решивме да одиме на сите турнири кои се рангираат и бодираат. Се надеваме дека во Австрија ќе имаме добар настап, бидејќи сите спортисти се одлично подготвени“ вели Заборски.

За Салзбург патуваат следните спортисти
1.Симона Заборска -55 кг
2.Моника Пендаровска -55 кг
3.Наташа Стефановска -61 кг
4.Моника Стефановска -68 кг
5.Анѓела Мојсовска -68 кг
6.Давид Петков -67 кг
7.Петар Заборски -75 кг
8.Петар Спасеновски -84 кг
9 Глигор Петков -84 кг

За Салзбург нема да настапи само репрезентативката Сара Радичевска – 50 кг, поради санирање на полесна повреда и обврски на факултетот кои мора да ги заврши.

Share.

Leave A Reply