Каратистите на Макпетрол заминаат на турнир од Светската 1 Премиер карате лига

0

Македонските ререзентативци кои се најдобро рангирани на Светската ранг листа во карате спортот, денеска отпатуваа за Мадрид, Шпанија за да учествуваат на турнирот од 1 Премиер Карате Лига, од така наречената А серија.

Во Гвадалахара ќе учествуваат 1354 спортисти од 82 држави, што укажува на податокот дека овој турнир ќе биде многу силен. Турнирот е само за сениори-ки, и тие настапуваат во дисциплината кати и борби во поединечна конкуренција. Секој остварен пласман до деветтото место и евентуално освоен медал, ќе значи и подобрување на рејтинг листата на нашите спортисти.

За Гвадалахара отпатуваа:
Сара Радичевска -50 кг., Симона Заборска -55 кг, Наташа Стефановска -61 кг., Моника Стефановска -68 кг. и Петар Заборски -75 кг.

Share.

Leave A Reply