Каратистите и по два дена борби немаат освоен медал на собирот во Шпанија

0

На Светско првенство за кадети, јуниори и сениори до 21 година кое што се одржува во арената – „Сантијаго Мартин“ во Тенерифе, Шпанија, нашите репрезентативци се појавија во девет дисциплини.

Најуспешен настап во машка конкуренција имаше Роберто Ацковски во категоријата Јуниори – Кумите -68кг. кој успеа да стигне до 4 – то коло. Ацковски беше на чекор и до пласман меѓу најдобрите четири бидејќи  на три секунди до крај имаше предност од 6-4 против Казахстанецот Абилмансур Батир , но поради добиена четврта опомена за избегнување на борба заработи дисквалификација поради која нема да добие право за настап во репасаж.

Во женска конкуренција Симона Симовска во категоријата Јуниори – Кумите +59 кг. и покрај поразот во второто коло од Казахстанката, Софија Берулцева со судиска одлука, успеа да обезбеди репасаж. Во категоријата Јуниори – Кумите -53 кг. Драгана Манговска успеа да стигне до 3. коло  а во истата рунда беше елиминиран и Столе Смилковски во категоријата Јуниор – Кумите -55 кг. Во категоријата Јуниори – Кумите -59кг.  Вјолца Гафури беше сопрена во второто коло. Во истото настапот го заврши и Вегим Мурати во дисциплината Јуниори – Кумите +76кг.

Share.

Leave A Reply