Каратистите се подготвуваат во Црна Гора

0

Македонските каратисти членови на Карате клубот Макпетрол, ги започнаа подготовките за претстојното европско универзитетско првенство кое треба да се одржи во Куимбра , Португалија. Селекторот, Бошко Заборски изјави дека годинава за прв пат ќе бидат здружени сите боречки Олимписки спортови, тоа значи дека Каратето, Џудото и Теквондото ќе бидат на натпреварувачките програми на европското првенство.

„Ние одлучивме подготовките да ги направиме во Црна Гора, поточно во Бар и Суто море. Тренираме по два пати дневно, стадионот во Бар ни ги дава сите потребни услови за добра подготовка. Каратистите одлично се чуствуваат и се надеваме дека во следните десет дена во целост ќе ја оствариме предвидената програма.“ изјавил Заборски.

На подготовките покрај членовите од Макпетрол учествуваат и студентките:Петар Заборски -75 кг, Сара Радичевска -50 кг,Симона Заборска -55 кг, Наташа Стефановска -61 кг,Моника Стефановска -68 кг. Со екипата се и Моника Пендаровска, Анѓела Мојсовска и Петар Спасеновски.

 

Share.

Leave A Reply