Македонската карате експедиција се врати со две бронзени медали од Европското првенство во Унгарија. На денешната прес-конференција во АМС, директорот Каевски потенцираше дека е задоволен и горд од настапите на нашите млади каратисти.
„Драго ми е што како што ветивме пред неколку дена повторно сме тука за да им честитаме за успесите кои ги постигнаа. Нашите каратисти не преставија на највисоко ниво, освоивме две бронзени медали, две пети и две седми места, што покажува дека имаме континуитет“, вели Каевски.
Еден од носителите на медал, Роберто Ацковски, вели дека оваа бронза од Будимпешта е само мотив за следните настапи.
„Ова е прв мој европски медал. Имав многу тешки борби, а можеби и бев малку оштетен во полуфиналето, каде имаше некои поени кои не му беа досудени, а со кои можев и во финалето. Ова секако не е крај, јас само што почнувам и секако следен медал ќе ми биде од сениорско првенство“, вели Ацковски.