Каратистите заминуваат на ЕП во Сочи

0

Денеска пред заминување на европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21) кое ќе се одржи во Сочи, Русија од 2-4 февруари, прес конференција одржа нашата карате репрезентација.

На пресот тренерите на државните репрезентации, заедно со неколкумина натпреварувачи, кои се најдобри во своите категории ги истакнаа своите очекувања од настапот на европскиот шампионат.

Селекторот на кадетско-јуниорскиот тим, Александар Кузмановски, за очекувањата вели:
„Сите натпреварувачи кои ќе земат учество на ЕП се максимално подготвени за настап. Без притисок, заминуваме во Сочи каде треба да ја преставиме нашата земја и федерација во најдобро светло“.

На ова 45-то  Европско првенство во Сочи се пријавени околу 1000 натпреварувачи од 44 држави. Македонија ќе настапи со 21 каратист.

Share.

Leave A Reply