Големата ѕвезда на НБА тимот Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе се врати во игра в сабота на гостувањето кај Детроит Пистонс во новата рунда, изјави задоволно тренерот на „воините“, Стив Кер.
Кошаркарот ги пропушти последните 10 натпревари откако се повреди на мечот со Милвоки Бакс одигран на 8 ноември.
Додека тој отсусутвуваше од теренот, неговиот Голден Стејт загуби на пет од последните 10 натпревари.